Брачен пар од Лестер, Англија, кој освоил вила вредна речиси 3,5 милиони фунти купувајќи лотарија од 25 фунти, по само неколку недели решил да ја продаде за 4 милиони фунти бидејќи сметал дека не се вклопува во новата богата средина и луксуз, но и трошоците за одржување на вилата биле превисоки.
Во август луксузната вила станала сопственост на семејството Пармар, без хипотека, со покриени даночни и правни трошоци, а двојката добила и 50.000 фунти во готово за покривање на трошоците за преселување и сместување.
Брачната двојка ја освоила луксузната вила во Падстоу, Корнвол, заедно со 5,3 хектари земја на лотарија на 18 август. Но, на 8 октомври вилата веќе била понудена на пазарот.
Зошто се откажале од вилата и оставиле таков луксуз зад себе?
- Тоа не е за нас. Долго време живееме во Лестер и тука сме совршено среќни. Не ни треба викендица од 4 милиони фунти. Задоволни сме со нашата куќа од црвени тули и сакаме да останеме во мирната област на Еплби Магна во Лестер. Тоа е одлична куќа на добра локација. Едноставно не се вклопуваме во новата средина со богатите луѓе овде и трошоците за одржување се превисоки - вели брачниот пар, објаснувајќи дека со парите од куќата ќе купи земјиште или мал имот.
Утам, кој веќе 18 години работи како оперативен менаџер, и претходно учествувал во наградни игри, но само оваа лотарија му донела голема добивка.
- Сум освоил неколку работи претходно, како телевизор и масичка за кафе, но не ни сонував дека ќе освојам нешто толку неверојатно како оваа куќа - рече тој.
Луксузниот имот ја има освоено наградата за најдобра еколошка нова градба во Корнвол во 2020 година, а агентите за недвижности проценуваат дека може да се изнајмува за 15.000 фунти месечно во шпицот на сезоната.
Извор:
Birminghammail.co.uk
Фото: Birminghammail