Никола Тесла е икона на научниот свет. Ви пренесуваме интересни факти за еден од најголемите изумители на светот што веројатно не сте ги знаеле.
1. Човек од гром
Благодарение на популаризацијата на еколошки технологии и доаѓањето на новата ера на електричната енергија, овој визионер повторно го доби местото што го заслужувал. На крајот на краиштата, што да се каже за човекот кој се родил во невреме и ја измислил наизменичната струја? Тесла бил роден околу полноќ помеѓу 9 и 10 јули 1856 година. Според зборовите на неговото семејство, бабицата го кренала Тесла во воздух и рекла: „Ова ќе биде детето на темнината“, на што неговата мајка одговорила: „Не, ќе биде детето на светлината“.
2. Музејот на Никола Тесла во Америка бил финансиран благодарение на стрип
Кулата „Тесла“, односно Варденклиф, е реставрирана благодарение на интервенцијата од најголемите обожаватели на неговиот живот и дело. Во мај годинава зградата ја откупил Центарот за наука „Тесла“ за околу 1,3 милион долари. Средствата биле донирани од „ИндиГоГо“. Организаторот и главниот промотор на кампањата бил Метју Инман, илустратор познат по онлајн-стрипот „Оутмил“.
3. Тесла бил загрижен еколог
Тесла бил загрижен поради фактот што луѓето брзо ги трошат ресурсите на нашата планета, па тоа го поттикнало да почне да се занимава со обновливи извори на енергија. Затоа Тесла одлучил да ги проучува начините за извлекување природна енергија од копно и воздух.
4. Тесла ја концептуализирал технологијата на паметни телефони уште во 1901 година
Тесла имал навистина одлични идеи, но ретко успевал да ги преточи во реалност. Во трката за развивање трансатлантско радио, пишува авторот и професор В.Бернард Карлсон, Тесла на бизнис-партнерот Ј.Р. Морган му претставил нови начини за инстант-комуникација - испраќање на состојбата на берзата и кратки телеграмски пораки. Тој секоја порака по пат на цевка би ја примал во лабораторијата, каде што потоа би ја кодирал и би ја приклучил на избраната фреквенција. Тоа ќе ја пренесе фреквенцијата на рачниот уред. Со други зборови, Тесла ги измислил паметниот телефон и безжичниот интернет. Импресивно, нели?
5. Тесла полудувал секојпат кога ќе видел бисери
Бисерите биле нешто поради кое Тесла се нервирал. Секојпат кога ќе ги погледнел, кај него предизвикувале гадење до таа мера што не можел да разговара со жената што ги носела. Секогаш кога неговата секретарка ќе носела бисери околу вратот, тој ја враќал дома. Никој не знае зошто имал таква аверзија кон овој накит, но се знае дека имал специфичен вкус кога станува збор за стил и естетика.
6. Тесла панично се плашел од микроби и имал фотографска меморија
Тесла бил познат по неговата фотографска меморија. Тој можел да ги запомни сликите во книгите и да ги користи како основа за неговите пронајдоци. Исто така, тој можел да визуализира во три димензии, со што ги потиснувал кошмарите што го прогонувале уште од мал. Поради ова, тој стана практично митолошка фигура во популарната култура. Карлсон тврди дека тој многу се плашел од микроби. Причината за ова била колерата од која боледувал кога бил мал.
7. Создал кула што извлекува струја од воздухот
Неговиот изум е кулата висока 56 метри на Лонг Ајленд, а планирал да извлекува струја од воздухот и да ја испрати низ земјата. За жал, проектот не бил завршен. Во 1917 година кулата била срушена, а виновници биле инвеститори кои по хаваријата сакале да украдат што повеќе пронајдоци на Тесла.
8. Некои од неговите пронајдоци станале државна тајна
Откако починал во 1943 година, повеќето од неговите работи завршиле во рацете на семејството Тесла, од кои голем дел биле префрлени во Музејот „Тесла“ во Белград. Сепак, некои документи се скриени во архивите на американската влада.
10. Тесла буквално планирал да ја осветли целата планета
Ексцентричниот
научник бил уверен дека може да ја осветли атмосферата на Земјата и со тоа да создаде нова ера на вечната светлина. Тој ја развил теоријата дека горната атмосфера содржи гасови што можат да носат високоенергетска електрична енергија која би создала „ноќно светло за целата планета“.