X
 28.02.2016 Култура

Стивен Хокинг: Нема да не` уништат машините, туку човековата алчност

Познатиот теоретски физичар Стивен Хокинг повеќепати досега предупреди за судбината на човештвото и опасноста која може да ја донесе вештачката интелигенција. Неделава, тој одговараше на прашања на социјалната мрежа „Редит“, а најинтересните коментари беа поврзани со роботизацијата.


Имено, од година во година се проценува колку работници ќе се најдат на улица во текот на развојот на информатичката технологија и роботизацијата, но Хокинг смета дека самите роботи не се проблем.

- Алчноста, тоа е она од што треба да се плашиме - одговара на темата научникот и предвидува дека економската нееднаквост само ќе расте.

- Додека некои професии стануваат автоматизирани, така нееднаквоста ќе станува сè поизразена бидејќи богатите сопственици на машините нема да сакаат да го делат својот профит - нагласува Хокинг.

Тој додава и дека доколку машините произведуваат сè што ни е потребно, светот ќе зависи од тоа како ќе се распоредуваат тие производи. Секој би можел да ужива во раскошот доколку поделбата е праведна, но многу луѓе би можеле и да завршат во тешка сиромаштија, смета Хокинг.

- Со оглед на тоа какви се трендовите, се чини дека ќе одиме во оваа втората насока, дека технологијата само ќе ја зголеми економската разлика - вели Хокинг.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура