X
 28.06.2017 Наука

Неочекувано научно откритие за „обичната“ вода

Водата се разликува од сите останати течности, што ја прави клучен фактор за постоењето живот на Земјата. Едно истражувањет открива уште едно нејзино својство, за кое досега не се знаеше: водата постои во две различни течни фази.

„На ниски температури, кога кристализацијата на мразот е бавна, водата може да постои во две различни течни состојби“, вели Андрес Нилсон, професор по физичка хемија на Универзитетот во Стокхолм.

Истражувачите користеле моќен рентген за снимање на однесувањето на водата на ниски температури и откриле две различни молекуларни структури, а секоја од нив претставувала поинаква течна состојба.

Во поголем дел, мразот во Сончевиот систем не постои во цврста, кристална форма каква што ја знаеме од нашите замрзнувачи. Всушност, мразот е аморфен и постои во две фази – фаза на ниска и фаза на висока густина.

Последното истражување, објавено во списанието „ПНАС“ укажува на фактот дека течната вода може да постои во две фази, исто како и мразот.

„Тоа е остварување на сонот за научниците“, вели Кетрин Аман Винкл, експерт за физичка хемија, која веќе неколку години го проучува аморфниот мраз. „До детаљ успеавме да проследиме како водата од стаклеста состојба се трансформира во вискозна течност, која речиси веднаш потоа се трансформира во поинаква, уште повискозна течност со многу пониска густина“, вели Винкл.

Новото откритие сугерира дека водата на собна температура всушност е во состојба на „нерешителност“, затоа што наизменично се префрлува меѓу двете потенцијално течни фази.

„Во суштина: водата не е сложена течност, туку две едноставни форми на течност во комплициран однос“, вели Ларс Г. М. Петерсон, професор по хемиска физика кој учествувал во истражувањето.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука