Хардик Шелат, фотограф на дивиот свет, чекал осум часа за да ја направи оваа прекрасна фотографија од лав што пие вода.
Фотографијата, направена во националниот парк Гир, Гуџарат, Индија, го прикажува кралот на џунглата како со наведната глава пие вода, додека интензивно гледа во насока на камерата.
Шелат вели дека лавовите генерално сакаат да останат камуфлирани и дека шансата да ги фотографирате како пијат вода на отворено е исклучително ретка можност.
- Чекавме речиси осум часа на спротивната страна на дупката со вода во шумата за да бидеме и ние камуфлирани. Беше важно да не сме лесно видливи за лавот да дојде и да пие вода свртен кон нас. Времето беше прилично жешко, но вредеше да се чека - вели фотографот.
- Главниот предизвик со кој се соочувам додека фотографирам големи мачки е тоа што навистина се големи, но добро се камуфлираат со природните бои. Можеме да ги забележиме во шумата, но фотографирањето е навистина голем предизвик. За да се насочат кон камерата, мораме да чекаме многу часови, а некогаш и денови. Осумчасовното чекање за оваа фотографија беше мојот сон и на крајот се исплати чекањето - вели фотографот.
Младиот фотограф е страстен за биолошката разновидност и се надева дека неговите фотографии ќе ја рашират свеста за прекрасниот див свет што го нуди Индија.
- Се стремам да ги заштитам загрозените, уникатни животни - вели тој.
Извор:
Petapixel.com
Фото:
Hardik Shelat/Instagram