X
 23.12.2017 Наука

Што навистина се случува кога ги крцкате прстите?

Научниците користеле ултразвук-машини за да одредат што точно се случува со нашите зглобови кога ги крцкаме прстите со цел да ѝ стават крај на дебатата за потенцијалните последици, која трае со децении.

 Во студија спроведена во 2015 година стои дека звукот што произлегува се заснова на колапсот на воздушните меурчиња кои се формираат во течноста која се наоѓа околу нашите зглобови. Но, ултразвук-машините можат да снимат што се случува во нашите тела, со голема брзина, па друг тим научници одлучиле да истражат повеќе околу ова прашање. Во новата студија биле вклучени 40 здрави учесници, 30 од нив постојано ги крцкале прстите, а 10 не. Од оние што ја имале таа навика, постарите признале дека ги крцкале прстите и по 20 пати дневно во изминатите 40 години.

Од учесниците било побарано да го направат тоа на секој прст, додека биле набљудувани со ултразвук-машина. Она што го виделе е светол блиц на ултразвук-машината или, како што велат научниците, како во зглобот да се случува огномет. Сметаат дека сето тоа е резултат на промените во притисокот што се случува во течноста околу зглобовите. Сепак, не е утврдено дали звукот произлегува поради тоа што меур експлодира во течноста околу зглобот или меур се формира додека се случува процесот? Научниците сметаат дека светлиот блиц што постојано се појавувал на ултразвук-машината можеби повеќе ја потврдува теоријата за формирање на меурот.

Она што можат да го потврдат е дека не забележале моментална болка, оток и нанесена штета на зглобовите, а и не пронашле никаква разлика помеѓу луѓето што ги крцкаат прстите и оние што никогаш не го правеле тоа. По сè изгледа крцкањето воопшто не е штетно.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука