Научниците што го проучуваат мистериозниот сигнал од далечните галаксии не откриле темна материја како што се надевале дека ќе откријат.
Со децении научниците трагаат по темната материја, невидлива материја што не е во интеракција со светлината, што го пробива целиот наш универзум. А сигналот што доаѓа од блиската галаксија забележан во истражување од 2014 година на научниците им даде надеж дека ова е долгоочекуваниот доказ за темна материја.
Некои тековни модели предвидуваат дека честичките од темната материја полека се распаѓаат во обична материја, процес што ќе произведе слаба емисија на фотони што може да ги детектираат рендгенските телескопи. И во 2014 година научниците забележале емисија на х-зраци од галаксија во лов на темна материја, бидејќи се знае дека темната материја се собира околу галаксиите.
Истражувачите сметаат дека емисијата, позната како „3,5 KeV line“ (KeV стои за кило-електрони) веројатно е изработена од стерилни неутрини, за кои веќе долго време се сметаат за кандидат за темна материја, вели коавторот на истражувањето, Крис Десерт од Универзитетот во Мичиген.
Фото: Pixabay
Стерилните неутрини се хипотетички честички и се ослободуваат во нуклеарни реакции како оние во нуклеарните централи на Земјата. Бидејќи малата количина маса во неутрините не може да биде објаснета со стандардниот модел на физика на честичките, некои сметаат дека стерилните неутрини би можеле да ја сочинуваат оваа мистериозна маса, што е всушност темна материја.
Но, во ова ново истражување за објектите во Млечниот Пат истражувачите откриле докази дека овој сигнал од истражувањето од 2014 година не доаѓал од темна материја. Всушност, во потрага по темна материја со нивната нова техника, тие воопшто не забележале сигнал. Сепак, ова не ги исклучува стерилните неутрини како силен кандидат за темна материја.
За да дојдат до овој заклучок, истражувачите барале „3,5 KeV line“ на небото. Кога тимот не пронашол никаква трага од „3,5 KeV line“, утврдил дека ја нема поради темната материја.
- Ова не ги исклучува стерилните неутрини како кандидат за темна материја - вели Керстин Перез, доцент по физика на Институтот за технологија во Масачусетс.
- Постојат различни маси што стерилните неутрини би можеле да ги имаат - додава таа.
- Иако овој труд не го докажува она што претходно го сметавме, сепак отвора сосем нов пристап за истражување на темната материја, што може да доведе до откритие во блиска иднина - се вели во соопштението на коавторот Бен Сафди, доцент на Универзитетот во Мичиген.
- Во минатото луѓето велеа: „Да истражуваме дел од небото што има огромна количина материја во него и да видиме дали таму има темна материја“ - рече Перез.
Но, со оваа техника, која е слична на техниката што ја користи Перез, научниците го користат нашето место во универзумот во нивна полза затоа што ако овој сигнал навистина е темна материја, треба да биде низ цело небо со различен интензитет.
- Претходните техники во суштина го насочуваа вашиот телескоп во кластер на галаксии или само во галаксија што има грутки на темна материја, а вие го барате сигналот на распаѓање на темната материја што ќе се појави како линија - вели Десерт. Тој додава дека со нивната техника, во која тие гледаат низ грутките на темната материја на галаксијата, можат да добијат подобри резултати во нивното пребарување.
- Грутките на
темната материја околу нашата галаксија се поблиску до нас и тоа значи дека е поголема веројатноста да ги добиете фотоните што се резултат на распаѓање на темните материи во нашата галаксија - вели Десерт.
Извор:
Space.com