X
 23.12.2019 Технологија

Алатка што ве спасува од пишување на тастатура

Ако некогаш требало да одговорите на електронска пошта и сте посакале да не мора да го пишувате одговорот, изгледа дека некој ги слушнал вашите желби.

„Voice In“ е екстензија за „Хром“ која го претвора говорот во текст за речиси сите интернет-страници. Тоа значи дека можете набрзина да одговорите на пораките без да мора да пишувате.

Сѐ што треба да направите со рацете е да кликнете на функцијата „Start Recording“ пред да почнете да диктирате.

Фото: Lifehacker

Но, како и сите слични производи, така и оваа екстензија не е совршена. Резултатите ќе ви бидат подобри кога ќе ја користите на тивки места каде што нема други гласови. Бавното зборување исто така е секогаш подобро.

Како и да е, ако сте некој што зборува подобро отколку што пишува, ова е брз и лесен начин за диктирање подолга порака која подоцна можете само да ја прегледате за да ги поправите грешките.

Екстензијата функционира на повеќе од 40 јазици, па можете да ја користите и за тестирање на вештините за изговор додека учите нов јазик.

Иако меѓу тие 40 јазици не е македонскиот, тука се српскиот, бугарскиот и хрватскиот, но оваа екстензија е најкорисна за оние што најмногу го користат англискиот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија