X
 08.12.2015 Култура

Најтешките странски јазици за совладување

Институтот за странски јазици во САД ги тренира дипломатите во учење на странски јазици. Тие составија ранг листа од јазиците според тежината на совладување (според времето кое им е потребно на луѓето со англиски јазик како мајчин да го совладаат странскиот јазик). Според нивните податоци, најтешките странски јазици за учење се овие:

Јапонски јазик

На дипломатите им биле потребни 2.200 часови за совладување. 122 милиони луѓе во светот го зборуваат овој јазик како мајчин, а јазикот се смета за тежок бидејќи треба да се помнат илјадници знаци и да се научат три различни системи на пишување.

Кинески јазик

2.200 часови биле потребни за совладување на јазикот. 1,2 милијарда луѓе во светот го зборуваат јазикот како мајчин. Слично како јапонскиот, кинескиот бара помнење илјадници знаци. 3.000 знаци се потребни како би можеле да разберете весник. Вкупно, има над 50.000 знаци.

Корејски јазик

66,3 милиони луѓе во светот го зборуваат јазикот. Исто како претходните два, овој јазик би се совладат за приближно 2.200 часаови. Корејскиот има два различни нумерички системи и не е поврзан со никој друг јазик.

Арапски јазик

Со 221 милион луѓе кои го зборуваат како мајчин, арапскиот е привлечен за многумина, но и многумина се откажуваат пред да го совладаат. Арапската азбука е комплицирана и претставува најголем проблем.

Естонски јазик

Естонскиот јазик би можел да се совлада за околу 1.100 часови. Најтежок дел во естонскиот јазик е граматиката, но и должината на согласките и самогласките.

Фински јазик

Иако се користи во Европа, јазикот не припаѓа на семејство јазици како Германското или Латинското. Исто како естонскиот, финскиот јазик е тежок поради граматиката.

Унгарски јазик

Потребни се 1.100 часови за да се совлада, а јасно е и зошто. Една реченица може да има многу различни значења во однос на минималните промени во суфиксите.

Монголски јазик


Монголскиот систем за пишување еволуирал многу и моментално се состои од азбука која се пишува вертикално, како и кирилицата која се користи хоризонтално.

Виетнамски јазик

Виетнамскиот јазик е тонски јазик, слично како кинескиот. Има 6 тонови кои се илустрираат со симболи. На пример, „Ban bạn bán bàn bẩn“ е реченица која има смисла во виетнамскиот (Пријателот Бан продава валкани маси).

Тајландски јазик

Ова е уште еден тонски јазик. Јазикот има 5 различни тонови, а битен е изговорот на истите.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура