X
 01.04.2015 Образование

Зборувањето странски јазици како алатка за вработување

Учењето јазици никогаш не е бескорисно! Запомнете го тоа веднаш. Тоа е занает кој некогаш може да ви стане работа доколку немате друг излез. Познавањето странски јазици може да се искористи и при вработувањето или напредувањето во кариерата.

Во комбинација со одредена област

Доколку сакате да користите странски јазик во одредено поле важно е да направите комбинација од предмети бидејќи само едноставна диплома за познавање јазик нема да биде доволна секогаш. Компаниите гледаат кон јазикот како дел од повеќе вештини, но малкумина вработуваат само поради него.

Целите се одредуваат поскоро

Не ги оставајте одлуките за кариерата до крајот на студиите. Важно е да размислувате за вработувањето уште додека студирате и да почнете да преземате нешто во врска со тоа.

Одете во странство

Сите експерти се согласуваат дека престојот во странство ја нема истата вредност како порано. Но, она што го правите додека сте надвор ве издвојува од групата. Мора да покажете дека сте свесни за вештините на кои ве научиле и дека размислувате на интернационално ниво.

Не треба да зборувате совршено

Работодавците не бараат лингвисти. Нема потреба да зборувате совршено одреден јазик за да се пријавите за работа во која се бара јазикот. Сите бараат од вас да знаете доволно за комуникација.

Покажете го искуството

Во вашето резиме треба да стои дека зборувате странски јазик, но тоа не докажува дека го познавате јазикот, не? Искуството како практикант или волонтер во училиште за странски јазици го докажува тоа.

Барајте интернационално ориентирани компании

Барајте работа во меѓународни компании кои имаат седишта во повеќе земји и вработени од многу региони. Така вашето јазичко знаење ќе вреди многу.

Среќно!

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование