Пазарот за вештачка интелигенција е во подем. Голем број стартап и интернет гиганти се тркаат да го добијат медиумското внимание, а постои и значително зголемување на инвестициите и усвојување од страна на компаниите.
Едно истражување открива дека минатата година 38% од компаниите веќе користат вештачка интелигенција, а овој тренд ќе порасне до 62% до 2018 година.
„Форестер рисрч“ предвидува зголемување за 30)% во инвестициите во вештачката интелигенција. Врз основа на овие истражувања и анализи, ова се најдобрите технологии на вештачка интелигенција.
1. Генерација на природен јазик - Изработка на текст од компјутерски податоци. Моментално се користи во грижа за корисници, извештај за генерирање и резимирање на увидот на деловната интелигенција. Компании кои ја продаваат оваа технологија: „Attivio“, „Cambridge Semantics“, „Digital Reasoning“, „Lucidworks“, „Narrative Science“, „SAS“.
2. Препознавање на говор: Транскрибирање и трансформирање на човечкиот говор во формат корисен за компјутерските апликации. Во моментов се користат интерактивни гласовни системи за одговор и мобилни апликации. Компании кои ја продаваат оваа технологија: „NICE“, „Nuance Communications“, „OpenText“, „Verint Systems“.
3. Виртуелни агенти - Едноставни чатботови кои ќе се претворат во напредни системи кои ќе можат да се поврзат со луѓето. Во моментов се користат во грижа за корисници и поддршка и како паметни менаџери за домовите. Компании кои ја продаваат оваа технологија: „Amazon“, „Apple“, „Artificial Solutions“, „Assist AI“, „Creative Virtual“, „Google“, „IBM“, „IPsoft“, „Microsoft“, „Satisfi“.
Фото: Freepik
4. Машински платформи за учење - Обезбедување алгоритми, развивање на алатки, податоци како и компјутерска моќ за дизајнирање, тренирање и претворање на модели во апликации, процеси и други машини. Во моментов се користат во широк спектар на апликации во претпријатијата, и воглавно вклучуваат предвидување или класификација. Компании кои ја продаваат оваа технологија: „Amazon“, „Fractal Analytics“, „Google“, „H2O.ai“, „Microsoft“, „SAS“, „Skytree“.
5. Хардвер оптимизиран со вештачка интелигенција - Графичките единици за обработка и апаратите специјално дизајнирани за ефикасно управување на работни места во кои е вклучена вештачката интелигенција. Компании кои ја продаваат оваа технологија: „Alluviate“, „Cray“, „Google“, „IBM“, „Intel“, „Nvidia“.
6. Менаџмент за одлуки - Машините кои внесуваат правила и логика во системите на вештачка интелигенција и кои се користат за почетно подесување/обука и тековно одржување. Оваа технологија се користи во голем број апликации и помага при автоматско донесување на одлуките. Компании кои ја продаваат оваа технологија: „Advanced Systems Concepts“, „Informatica“, „Maana“, „Pegasystmes“, „UiPath“.
7. Платофрми за учење - Посебен вид на машина за учење која се состои од вештачки невронски мрежи. Во моментов се користи за препознавање и класификација на апликации поддржани од множества податоци. Компании кои ја продаваат оваа технологија: „Deep Instinct“, „Ersatz Labs“, „Fluid AI“, „MathWorks“, „Peltarion“, „Saffron Technology“, „Sentient Technologies“.
8. Биометрика - Овозможува повеќе физички интеракции меѓу луѓето и машините, вклучувајќи и слики и препознавање на допир, говор и јазик на телото. Во моментов се користи воглавно во истражување на пазарот. Компании кои ја продаваат оваа технологија: „3VR“, „Affectiva“, „Agnitio“, „FaceFirst“, „Sensory“, „Synqera“, „Tahzoo“.
9. Роботска автоматизација на процесите - Користење на скрипти и други методи за автоматизирање на човечките акции за поддршка на ефикасни бизнис процеси. Во моментов се користат онаму каде што е премногу скапо луѓето да ја извршат задачата или процесот. Компании кои ја продаваат оваа технологија: „Advanced Systems Concepts“, „Automation Anywhere“, „Blue Prism“, „UiPath“, „WorkFusion“.
10. Анализа на текст и NLP (Natural language processing - Природно процесирање на јазикот) - Оваа вештачка интелигенција поддржува анализа на текст преку сфаќање на структурата на речениците и нивното значење, чувството и целта преку статистички и машински методи на учење. Во моментот се користи во детектирање измами и безбедност, широк спектар на автоматски асистенти и апликации за неструктурирани податоци. Компании кои ја продаваат оваа технологија: „Basis Technology“, „Coveo“, „Expert System“, „Indico“, „Knime“, „Lexalytics“, „Linguamatics“, „Mindbreeze“, „Sinequa“, „Stratifyd“, „Synapsify“.