X
 13.11.2024 Забава

Последната песна на „Битлси“, зајакната со вештачка интелигенција, доби две номинации за „Греми“

Среде глобалните дискусии за етичката употреба на вештачката интелигенција (ВИ) и нејзините значајни идни апликации, „Битлси“ е пример за идеален пристап.

„Битлси“ се вратија на сцената на наградите „Греми“ добивајќи номинации за песна на годината и најдобра рок-изведба за нивната песна „Now and Then“.

Интересно е што патеката е рафинирана со помош на вештачка интелигенција и ќе се натпреварува со уметници како Сабрина Карпентер, Чапел Роан и Бијонсе, поставувајќи ја сцената за прилично необичен момент на манифестацијата на „Греми“.

На 3 ноември 2023 година „Битлси“ ја објавија својата последна песна „Now and Then“. Од четворицата легендарни уметници на бендот, останаа само двајца. Создавањето на нивната последна песна не било лесно. Песната првично била напишана и изведена од Џон Ленон кон крајот на 70-тите години. Тоа било откриено дури во 1994 година кога сопругата на Ленон, Јоко Оно, ги споделила снимките на „Now and Then“ заедно со две други песни, со преживеаните членови на бендот: Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.

Иако другите две песни беа објавени во подоцнежните години, тимот наиде на технички тешкотии при изолирањето и одвојувањето на вокалот на Ленон од пијаното.

Со помош на алатки за вештачка интелигенција, Макартни и Стар ја завршиле песната. Во интервју за Би-би-си во јуни 2023 година, Макартни открил дека песната е повторно создадена со помош на вештачка интелигенција.

Според изјавата на Макартни, оваа технологија им овозможила да изолираат поединечни инструменти и вокали и да ги раздвојат различните гласови во разговорите на „Битлси“.

Во 2022 година, тие се запрашале: „Што друго можеме да направиме со оваа технологија?“ Следствено, ја искористиле за да го подобрат демото на „Now and Then“.

- Тука беше гласот на Џон, кристално чист. Тоа е доста емотивно. И сите свириме на снимката, тоа е вистинска снимка на „Битлси“. Во 2023 година да се работи уште на музиката на „Битлси“ и да се објави нова песна што јавноста не ја слушнала, мислам дека тоа е возбудлива работа - изјавил тогаш Макартни.

Истата година, Макартни и Стар тргнале да ја оживеат оваа реликвија од минатото со вградување на снимките на електричната и акустичната гитара на Харисон од 1995 година, додавајќи нов дел од тапани од Стар и бас, гитара и пијано од Макартни.

„Now and Then“ беше објавена како винил сингл и касета заедно со првата песна на бендот, „Love me do“.

Извор: interestinengineering.com

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава