X
 24.01.2023 Забава

Математичка задача од основно образование го подели интернетот

На „Твитер“ започна расправа поради математичка задача споделена од страна на корисник на социјалната мрежа. Корисниците се обидуваат да објаснат кој е точниот редослед на математичките операции при решавањето на оваа задача за 11-годишници. Според некои, точниот одговор е 1, а според други 4.

Наставничката Ана Мастерсон објаснила дека се добиваат различни одговори во зависност од редоследот на математичките операции.

- Училиштата денес учат дека прво се решаваат заградите, а потоа делењето, множењето, собирањето и одземањето - објаснила таа.



Мастерсон го понудила првото решение: 36:3(8-6) = 36:3x2 = 12x2 = 24, Потоа 24 се дели со 6, со што се добива 4.

Меѓутоа, другата опција дава различно решение: 36:3(8-6) = 36:3(2) = 36:6 = 6. Потоа 6 би се поделило со 6, што дава резултат 1.

Мастерсон вели дека поточно решение е првото бидејќи поголемиот дел од калкулаторите го следат редоследот на сметање кој го дава тој резултат. Што мислите вие, кој е точниот одговор?

Извор: Index
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава