X
 04.02.2023 Забава

Дали можете да ја решите оваа задача користејќи го редоследот на математичките операции?

Без разлика дали ја сакате математиката или не, сигурно сте го користеле правилниот редослед на математичките операции за да решавате разни изрази и равенки во текот на вашите училишни денови.

Неодамна на интернет се појави математичка задача што стана вирална на социјалните мрежи. Додека многумина не можат да го најдат точниот одговор, некои интернет-корисници за брзо време дојдоа до точниот одговор користејќи го правилото за правилен редослед на математичките операции што го учеле на училиште.

Задачата се појави на еден твитер-профил од страна на корисникот „Бенонвајн“. Задачата покажува пијалаци, хамбургер и помфрит, чија вредност е прикажана на сликата.

Она што треба да го направите е да ги пронајдете точните вредности што ги носи секој од нив и да го примените правилото за правилен редослед на математичките операции за да ја решите задачата.

Решението:

За оние што сакаат да знаат кое е решението, прво треба да се откријат индивидуалните вредности на пијалакот, бургерот и помфритот, а потоа да се решава по правилен редослед на математичките операции.

Вредноста на пијалакот е 10, бургерот е 5, а помфритот е 1. Сега, со примена на редоследот 5+ (1x10) = 15.

Извор: Hindusantimes.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава