X
 24.02.2021 Економија

28.294 денари е просечната нето-плата за декември 2020 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, изнесува 105,4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: информации и комуникации (15,5 %), рударство и вадење камен (10,5 %) и дејности на здравствена и социјална заштита (10,0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: информации и комуникации (14,4 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (12,5 %) и рударство и вадење на камен (10,6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 28.294 денари.

Извор: stat.gov.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија