X
 29.01.2016 Економија

Најплатени професии за месец ноември 2015 во Македонија

Во споредба со изминатата година, поточно со крајот на 2014 година, просечната месечна нето-плата по вработен кон крајот на 2015 година била поголема. Според податоците на Државниот завод за статистики, зголемувањето е резултат на зголемувањето на платата во неколку сектори: Други услужни дејности (9.2%), Административни и помошни услужни дејности (8.4%) и Градежништво (7.1%).



И покрај зголемувањето на просекот, намалување се забележува во секторите: Уметност, забава и рекреација (23.5%), Рударство и вадење на камен (7.4%) и Градежништво (2.6%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за ноември 2015 изнесува 21.976 денари.

Најплатен сектор за изминатата година во Македонија бил Финансиски дејности и дејности на осигурување, со просечна плата од 41.407 денари по вработен. По него следуваат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Информации и комуникации, со просечна нето-плата во износ од 36.118 денари и 35.924 денари, соодветно.

Најниската плата по сектор се забележува кај Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со просечна плата од 15.010 денари.

Највисоки просечни плати имаат дејностите: Воздухопловен транспорт - 68.166 денари, Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности - 50.097 денари и Финансиско-услужните дејности, освен осигурување и пензиски фондови - 43.740 долари.

Податоците се преземени од Државниот завод за статистика.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија