22.05.2024
Живот
ДЗС: Просечната нето-плата за март изнесува 40.496 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2024 година изнесува 40.496 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Просечната бруто-плата за истиот месец изнесува 60.803 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2024 година, во споредба со март 2023 година, изнесува 116,0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21,9%), јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21,3%) и образование (20,5%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење камен (7,8%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7,3%) и преработувачка индустрија (6,2%).
Фото: Freepik