Научниците ја снимале мозочната активност на 87-годишен пациент со епилепсија за да ги анализираат неговите напади, но пациентот имал срцев удар и починал за време на снимањето. На овој начин истражувачите успеале да снимат 15-минутна мозочна активност на пациентот додека умирал.
Истражувачите откриле дека имало зголемување на мозочните бранови кои најчесто се активни при сонување или користење на меморијата. Затоа, според нив, тоа може да покажува дека пред смртта пациентот се сеќавал на моменти од минатото.
Овие откритија отвораат дополнителни прашања за точниот момент кога завршува животот. Претходни истражувања спроведени на глувци покажале зголемена активност на истите бранови, што може да значи дека ова е нешто што се случува кај повеќе видови.
Меѓутоа, истражувањето било направено само на еден случај и пациентот претходно имал напади и отоци на мозокот.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay