X
 11.07.2017 Живот

Еден ден на снајперист што се бори против ИД

сирија
Фото: Printscreen/YouTube

„Морав да сечам голем дел од материјалот, и поради предолгото траење, но и поради фактот што некои работи не можат да се објават јавно“, пишува во описот на видеото што неодамна беше објавено на „Јутјуб“.

Како што се наведува, видеото било направено на 22 јуни во сирискиот град Рака, а прикажува еден ден од животот на снајперист што се бори против џихадистите од „Исламската држава“ (ИД).

„Со денови не можевме да воспоставиме добра снајперска позиција во Рака, најмногу поради фактот што зградите во кои се наоѓавме беа многу ниски и не ни овозможуваа добар поглед кон градот. Да, можевме да одиме на покривите, но на тие позиции би биле премногу изложени на дроновите на ИД што носат гранати. Ова е прва зграда што ни овозможи да воспоставиме вистинско снајперско гнездо. Мојот избор за овој ден беше снајперската пушка М93 „Black Arrow“. Некои луѓе ќе забележат дека снајперистот ги нема потребните карактеристики што ги бара оваа пушка, но мора да работите со она што го имате.

Пристигнав на местото околу 5:30 часот наутро и набрзина разгледав наоколу. Тогаш ја донесов опремата до позицијата на која бев eден ден претходно и го наместив снајперот на местото каде што очекував дека ќе биде метата. Оддалеченоста беше 1.255 метри до патот и 1.315 метри до зградата во која беа можните снајперски позиции на ИД. Со саати не се случуваше ништо, освен што на третиот кат одвреме-навреме се отвораа вратите од балконот. Испукав еден куршум во ѕидот. Не знаев што се случи, но вратата повеќе не се отвори.

Потоа испукав неколку куршуми кон можните снајперски позиции, правејќи дупки во ѕидовите на зградите што се наоѓаа пред мене. Да не го направев тоа, ќе полудев од зјапање во ѕидовите девет саати. Но, околу 16:30 часот стана интересно. Даеш (така Сиријците ги нарекуваат борците од ИД), почнаа да ја напаѓаат нашата позиција, пукаа кон нас сè додека не испратија автомобилски бомби кон нас. Како што се гледа, имав проблеми во најлошиот можен момент, а кога го решив проблемот, повеќе немав чиста мета, па се обидов да променам две позиции. Но повторно не беше добро. Еден автомобил помина покрај нас и експлодира, а јас го чекав другиот, бидејќи обично одат во пар. Во експлозијата од бомбите загинаа девет курдски борци...“, опишува снајперистот.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот