Психијатар тврди дека промената на работното место на секои десет години е клучна за да се чувствувате исполнети. Насир Гаеми, професор по психијатрија во медицинскиот центар „Туфтс“ во Бостон, верува дека успехот му е најголема пречка на успехот. Тој смета дека луѓето што се чувствуваат удобно на работното место може да престанат да напредуваат и на крајот да се чувствуваат неисполнети.
Според Гаеми, за да се напредува, треба да се менува значајна работа во животот на секои десет години, а тоа може да биде хобито или работното место. Ваквата промена би можела да ве усреќи, објаснува тој.
Временскиот период за промената може да се менува во зависност од тоа дали личноста е успешна или неуспешна во работата. Доколку работите тргнат на лошо, би се исплатело да се направи промената и по пет години. Доколку кариерата напредува, тој предлага промена на 15 години, но никако подолго од тоа.
- Пречесто мислиме дека треба да направиме промена само ако работите не одат на добро или доколку не успеваме на некој начин. Она што не го разбираме е дека треба да работиме на промените дури и кога ни оди - вели тој.
Како пример, тој ја наведува својата ќерка која се мачела со изборот на кариера бидејќи на работата гледала како на нешто што ќе го работи до крајот на животот. Гаеми тврди дека никој не треба да размислува на тој начин, туку да ги истражува сите подрачја во кои може да биде добар, а тоа значи напуштање на својата комфор-зона.
Многумина заглавуваат во одредени кариери затоа што се успешни во тоа, а не помислуваат дека би можеле да бидат подобри во нешто друго. Многумина не го достигнуваат својот максимален потенцијал бидејќи не ги истражуваат полињата во кои би можеле да бидат одлични, според Гаеми.
Извор:
Index
Насловна фотографија: Pixabay