X
 18.02.2017 Живот

Стив Џобс: „Ако се плашите од неуспехот, нема да успеете“

стив

На „YouTube“ може да се пронајде видеото на кое Стив Џобс раскажува за времето кога бил момче на 12 години, и кога барал резервни делови кои му биле потребни за да изгради електронски уред познат како бројач на фреквенции.

Тој раскажува како го отворил телефонскиот именик и пронашол број од Бил Хевлет, основачот на „Hevlett-Packard“, компанијата која правела делови од она што тој го барал.

Откако Стив се претставил себеси, веднаш преминал на главното: „Сакам да изградам бројач на фреквенции, и се прашував дали имате било какви резервни делови кои би ми ги дале...“

„Бил не само што ми ги даде деловите, туку и ми даде работа во неговата компанија во текот на летото. Ми даде работа во местото кое ги градеше.

„Има многу случаи во мојот живот кога се борев да соберам храброст и да прашам за нешто што сакав да го добијам, со страв дека моето барање ќе биде одбиено или дека ќе се посрамотам бидејќи прашав. Сепак, во многу од овие случаи, бидејќи прашав, резултатот беше многу позитивен.

Како на пример моментот додека бев во пабот со моите пријатели од училиште, запрашав една убава пријателка дали сака да танцува со мене (таа рече да, и еве ние и денес танцуваме).

Или го прашав мојот соученик за името на хотелот каде една консултантска компанија правеше интервјуа - јас се појавив непоканет, и храбро седнав до човекот кој на крајот ме вработи.

Не можам да го заборавам времето кога успеав да соберам храброст и конечно прашав за моето унапредување и значителното покачување на платата после четири години чекање и надевање дека ќе ми биде понудена промоција.

Можам да раскажам и за моите најголеми неуспеси и разочарувања поради тоа што не сум зборувал или не сум го прашал она што сакав да го прашам. И денес, сè уште се срамам да го прашам она што сакам. И сè уште губам можности.

Постои уметност во барањето она што го сакате. Пронајдете го она што некому му е потребно или понудете му нешто од голема вредност на лицето - ова е одлична стратегија за некој да ви каже „да“ за она што го барате.

Но, научив дека многу луѓе се подготвени да се откажат од своето време, идеи или пари без очекување дека ќе добијат нешто за возврат. Всушност, открив дека многу луѓе доживуваат лична сатисфакција кога се од корист на другите. Можеби е вредност која ја научиле од нивните родители. Можеби е вградено во нивните религиозни верувања. Можеби едноставно такви се.

Никогаш не најдов некој кој ми рече не или ми спушти слушалка на телефон кога се јавував. Јас само прашував. А кога луѓето ме прашуваа мене, се обидував да бидам од помош за да го вратам долгот на благодарност.

Затоа, размислете што е она што навистина го сакате. Не се двоумете и вложете време и енергија за да научите нови вештини, да се здобиете со нови знаења и да доживеете нови работи. Инвестирајте во изградбата на вашите врски кои ќе ви бидат потребни во вистинско време. И кога ќе дојде вистинското време, направете го нештото кое ќе ви помогне да го добиете она што сакате: прашајте.

Повеќето луѓе никогаш не го земаат телефонот и не се јавуваат; повеќето луѓе никогаш не прашуваат. А тоа е она нешто што некогаш ги издвојува луѓето кои прават нешта од луѓето кои само сонуваат за нештата.

Морате да делувате, и морате да бидете подготвени на неуспех, морате да бидете подготвени на судир, со луѓето на телефон, со започнување на компанијата или било што.

Ако се плашите од неуспехот, нема да успеете“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот