X
 20.03.2020 Живот

Зошто токсичните колеги напредуваат во работата?

Имате токсичен колега? Не сте единствени. На „Гугл“ има 231 милион веб-страници на оваа тема. Истражувачи од Универзитетот во Бон конечно го поставиле прашањето што ги мачи повеќето луѓе: Како вработените што се познати по својата алчност, нескромност и лажење успеваат во кариерата?

Истражувачите анализирале 203 случаи на групи од вработени, колеги и надредени лица. Тие откриле дека токсичните луѓе успеваат да напредуваат на работа бидејќи им доделуваат комплименти и манипулираат со своите претпоставени.


Фото: Pixabay

Тајната за успехот лежи во социјалните вештини. Едноставно, овие вештини може да се искористат за мамење со цел да се добие корист. Измамата и манипулацијата се темната страна на поседувањето социјални вештини, вели Џерард Бликл, еден од авторите на истражувањето.

Гледано од психолошка страна, личностите што се нарекуваат токсични не се искрени и не се скромни. Таквите лица најчесто се фокусираат само на себе. Работодавците може да го спречат неправедното напредување на овие луѓе со тоа што ќе посветат внимание на нивната работа наместо на она што тие им го кажуваат.

Автор: Аријан Коен
Извор: Fastcompany.com 
Фото: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот