X
 24.03.2022 Живот

Дали и вие месециве забележувате зголемен електрицитет? Еве зошто

Се сеќавате ли кога како мали триевме балони од главата и трчавме низ дома со накострешена коса како Ајнштајн? Тогаш тоа беше многу интересно, но се чини дека електрицитетот во изминатите неколку месеци нè пецка повеќе од вообичаено, толку многу што почнавме да се прашуваме дали нешто не е во ред со нас.

Но, да почнеме со одговарање на прашањето - што е статички електрицитет?

Статичкиот електрицитет се манифестира така што чувствуваме благо пецкање во контакт со метални предмети, електрични уреди или луѓе. Доколку се приближите до предмет кој има различен потенцијал од оној на вашата кожа, ќе настане напон и тој може да биде прилично голем. Кога ќе допрете површина на предмет, електроните ќе тргнат кон позитивно наелектризираниот атом и тоа ќе создаде електрицитет. Од големината на разликата на потенцијалот на атомот зависи дали статичкиот електрицитет само ќе ви ја скокотне кожата или ќе го создаде она непријатно, а во некои случаи и болно чувство на местото на контактот на кожата со предметот.

Зошто повеќе „пецкаме“?

Полемика зошто во последните месеци сите повеќе „пецкаме“ се појави и на „Твитер“, а корисниците на оваа социјална мрежа нудеа разни одговори зошто се случува тоа. Едни пишуваа дека тоа е поврзано со Чернобил, други дека сувиот воздух во текот на зимата се однесува како изолатор бидејќи содржи помалку водена пареа, која генерално е спроводник итн.

Некои беа блиску, некои не, а одговорот, всушност, е многу едноставен. Како што објаснува Јован Цветиќ, физичар од Електротехничкиот факултет во Белград, нема никаква теорија на заговор во врска со оваа појава.

- Синтетичката облека предизвикува триење кое доведува до размена на електрицитетот. На пример, кога ќе седнете на синтетички стол или кога носите синтетичка облека и потоа ќе се фатите за некој метал, може да дојде до електрицитет - вели Цветиќ.

Исто така, во последните неколку месеци имаше „струјни шокови“ поради зимата бидејќи токму ова годишно време е вториот фактор за зголемениот електрицитет.

- Сувиот воздух и сувото време се погодни за создавање статички електрицитет бидејќи кога врне или кога е влажен воздухот, нема да ги почувствувате овие шокови - истакнува професорот.

Што можеме да направиме?


За почеток, кога е постудено, треба да се трудите да избегнувате синтетичка, а за жал и волнена облека колку и да ви звучи контрадикторно.

Исто така, верувале или не, еден од најголемите извори на статички електрицитет се теписите. При одењето на нив нашата кожа се наелектризирува.

Поради тоа што сувиот воздух е погоден за создавање електрицитет, пожелно е да користите навлажнувачи на воздухот.

Како воздухот, така и сувата кожа е погодна за зголемување на ризикот од статички шок. Исто така, колку и да е тешко, пожелно е да се избегнуваат сите метални нешта затоа што тие најчесто се местото на „шокот“.

Овие пецкања се иритирачки, но не се опасни за здравјето.

Извор: 24sedam.rs
Насловна фотографија: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот