X
 02.10.2024 Наука

Конечно е откриена тајната на статичкиот електрицитет

Во 600 година пр.н.е. грчкиот филозоф Талес од Милет забележал дека кога триел крзно со килибар, крзното привлекувало прашина. Тој генериран мал полнеж станал познат како статички електрицитет.

Можеби го препознавате како „пуцкање“ на вашата коса кога ја чешлате или во вид на сила која ќе го залепи балонот за ѕидот откако ќе го протриете од главата, но научниците со векови се обидуваат да дојдат до суштината на она што го создава овој феномен.

Сега конечно го имаме одговорот: на почетокот и на крајот на лизгачкото движење кое произведува статички електрицитет има различни сили, што резултира во диференцијален полнеж меѓу предниот и задниот дел, што оак резултира со пукање на статички електрицитет.

- Првпат сме во можност да ја објасниме мистеријата која никој порано не можеше да ја објасни: зошто е клучно триењето. Луѓето се обиделе, но не можеле да ги објаснат експерименталните резултати без претпоставки. Сега можеме, а одговорот е изненадувачки едноставен. Самото постоење на различни деформации, а со тоа и различни полнежи, на предната и на задната страна на нешто лизгачко доведува до струја - објаснува научникот Лоренс Маркс.

Статичкиот електрицитет е многу чест, а ние многу добро ги знаеме условите што го прават поверојатен. Кога настанува како резултат на триење на два материјали, познат е како трибоелектрицитет, а преносот на полнежот меѓу двете површини е трибоелектричен ефект. Самиот трибоелектричен ефект беше малку потешко да се одреди. Единствената сигурна работа што ја знаевме е дека триењето на два материјали произведува трибоелектрицитет.

Во 2019 година Маркс и неговите колеги направиле значителен напредок во истражувањето и откриле дека триењето на два материјали ги деформира микроскопските испупчувања на површините на тие материјали. Деформациите на текстурата на површината создаваат напон.

Во новиот труд Маркс и првиот автор Карл Олсон го пополниле остатокот од сложувалката.

- Во 2019 година имавме назнака за она што се случува. Сега развивме нов модел кој ја пресметува електричната енергија. Вредностите на струјата за низа различни случаи добро се сложуваа со експерименталните резултати - истакнува Маркс.

Нивните пресметки покажале дека концептот во сржта на триењето е клучен за генерирање статички електрицитет. Се нарекува еластично смолкнување - способноста на материјалот да го издржи напорот на лизгањето. Кога триете два материјали, тие се опираат на движењето создавајќи триење. Затоа дури и кога се лизгате на полиран под во чорапи, на крај запирате.

Кога изолациски површини се тријат една од друга, еластичните напрегања на предниот и на задниот дел од телото се различни. Значи, набоите и поларизацијата на предната и на задната страна на материјалот исто така се различни, што резултира со струја меѓу два различни набоја.

Моделот не го објаснува секој аспект на трибоелектрицитетот, но изгледа дека решава голем дел од проблемот. Понатамошни анализи и експерименти ќе им помогнат на научниците да ги сфатат ситните детали, со надеж дека тоа ќе доведе не само до разбирање на трибоелектрицитетот, туку и до начин на негово контролирање.

Истражувањето е објавено во „Нано летрс“.

Извор: N1
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука