X
 24.03.2022 Забава

Снимени две мечки како се обидуваат да украдат сендвич од автомобил

Нешто се случува со мечките во Калифорнија. Минатиот месец медиумите пишуваа за симпатичниот, буцкаст тенк Хенк, како што го нарекуваат, мечка која не хибернираше, туку ја помина зимата јадејќи пица и сладолед. Влегол во 40 дома и крадел храна, па сите го бараат. Односно, го барале, но се покажало (со ДНК-анализа) дека Хенк не работи сам - станува збор за три различни мечки кои талкаат наоколу и крадат храна. Тоа му ја симна смртната казна од врат.

Но, три други мечки ѝ го привлекоа вниманието на јавноста. Двете младенчиња и нивната мајка, која е добро позната во околината, очигледно биле екстремно гладни. Толку гладни што сендвичот со говедско месо им мирисал толку привлечно што двапати се обиделе да провалат во автомобил, во кој се наоѓале маж и куче.

- Само што почнав да ја отворам вратата, двете младенчиња се упатија кон мене. Едно од нив дојде до вратата и ја отвори. Сигурно го направи тоа три или четирипати, а потоа сфати дека не ми се допаѓа. На крај им ја заклучив вратата - изјави Бил Дувал, кој исто така ги снимал мечките.


Извор: Jutarnji.hr
Фото: Screenshot/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава