X
 29.09.2023 Живот

Општина Маврово и Ростуше бара да се прогласи кризна состојба поради големиот број мечки

Вчера на вонредна седница Советот на Општина Маврово и Ростуше ја задолжи Општината да поднесе барање до Владата за прогласување кризна состојба поради големиот број мечки кои, како што наведуваат од Општината, претставуваат опасност за животот и имотот на жителите.

Во заклучокот објавен од страна на Општината е наведено дека бараат во одлуката на Владата да се предвидат мерки и активности за решавање на ситуацијата.

- Општина Маврово и Ростуше ги презеде сите активности и мерки што се во нејзина надлежност со цел да ги заштити своите граѓани. Исто така, ги повикуваме Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, НП Маврово, ЦУК и сите други институции што се надлежни за решавање на овој голем проблем со мечките и дивите свињи да се стават во функција за што поскоро решавање, со што ќе ја вратиме безбедноста на нашите граѓани - наведуваат од Општината.

Оттаму додаваат дека според податоците на Националниот парк Маврово, на територијата на Општината се евидентирани од 160 до 180 мечки, а наведуваат дека според одредени норми, бројката треба да биде до 70 единки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот