X
 28.12.2023 Забава

Богатите почесто крадат на касите за самонаплата

Многу супермаркети што имаат каси за самонаплата се соочуваат со кражби на производи. Во многу случаи потрошувачите плаќаат за поголемиот дел од нивните производи, но прескокнуваат неколку. Едно истражување покажува дека околу 6,7 отсто од нарачките имаат производи кои не биле скенирани, меѓу кои дел од нив случајно биле прескокнати.

Сега, нова анкета спроведена на 5.000 лица покажува дека поголемиот дел од купувачите признаваат дека намерно прескокнуваат некои производи додека ги скенираат за наплата.

Анкетата покажала и дека побогатите луѓе намерно крадат производи при самонаплата. Домаќинствата со вкупни приходи од над 100.000 долари годишно имале најголем процент на испитаници што признале дека крадат.

Теренс Шулман, автор, терапевт и адвокат во центар за компулсивно крадење, смета дека многу луѓе со поголеми примања веројатно не се воодушевени од ваквите услуги за самонаплата, па тоа го прават како облик на тивок протест. Освен тоа, тие имаат различен став за парите, па скенирање производ од 10 долари за нив е како пени.

Покрај тоа, тие можеби потсвесно мислат дека доколку некој ги фати, може да се јават некому или имаат финансии за да најмат адвокат, па тоа им дава самодоверба.

Извор: Business insider
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава