X
 24.04.2016 Живот

Декартов квадрат - Лесен начин за донесување тешки одлуки

Декартовиот квадрат е едноставен, но многу ефективен метод кој може да ви помогне да донесете тешки одлуки. Идејата е да се понуди можност за анализирање на било кој проблем или ситуација од различни агли, и тоа само со одговарање на четири прашања.

Дадете искрени одговори на следните прашања:

1. Што ќе биде доколку се случи тоа? (Што ќе добијам од тоа?)

2. Што ќе биде ако тоа не се случи? (Дали сè ќе остане исто? Кои се предностите ако не сторам нешто?)

3. Што нема да се случи ако се случи тоа? (Слабости, недостатоци, грешки, штетата која би произлегла доколку направиме нешто.)

4. Што нема да се случи ако тоа не се случи? (Грешките и недостатоците доколку не направиме нешто.) Бидете внимателни со ова прашање - мозокот ќе се обиде да ја игнорира дуплата негација и вашиот одговор може да биде сличен на првиот. Не дозволувајте тоа да се случи.

Замислете ги овие четири прашања во еден квадрат поделен на четири еднакви делови. Кој дел ќе го одберете?

Зошто овој метод е толку ефективен? Кога сме во ситуација која бара да донесеме тешка одлука, често се заглавуваме на првото прашање - Што ќе се случи ако се случи тоа?

Така, Декарт ни овозможува со помош на квадратот еден ист проблем да го погледнеме од четири различни страни, со што се донесува добар и свесен избор.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот