Научниците на Медицинскиот факултет „Џон Хопкинс“ откриле мистериозен вирус кој можеби ги прави луѓето глупави. Дали е ова можно?
Откритието на овој вирус, кој најчесто се наоѓа кај алгите, било објавено во „
Proceedings of the National Academy of Sciences“. Во него се пишува за хлоровирусот АТЦВ-1 кој се поврзува со промените во когнитивните функции кај луѓето и глувците.
Имено, вирусот ги менува својствата на гените во мозочните клетки, со што предизвикува луѓето да размислуваат полошо.
Досега, 45% од луѓето кај кои се открил вирусот биле тестирани позитивно во врска со претпоставките за когнитивната работа на мозокот.
„Тие 45% имале полоши резултати на тестовите за визуелно процесирање и внимание“, се пишува во истражувањето.
Вирусот може да ги влоши функциите на мозокот и да влијае негативно на помнењето.