X
 06.02.2017 Живот

Психолошки трик кој ќе ви го олесни животот

Многу од нашите грижи можат да бидат решени со една едноставна вежба. И во таа вежба може да се пронајде многу радост. Едноставно е : гледајте го животот со мозок на почетник.


Гледањето на учењето како почетник е многу важно во самиот процес на учење. Што е всушност мозок на почетник? Тоа е отфрлање на нашите очекувања и идеи за нешто, па се одлучуваме за гледање на работите со отворен ум, со свежина во очите, исто како почетник. Секогаш кога учите нешто ново, сте збунети, но се ви е ново и гледате на работите со љубопитност. Ова можете да го примените и во секојдневието. На пример кога појадувате :

-    Гледате на појадокот како на активност која за прв пат ја правите

-    Навистина ја гледате храната, ги забележувате деталите кои вообичаено не би ги гледале

-    Ги забележувате текстурите, вкусовите, обрнувате внимание како да не знаете каков вкус има храната

-    Не земате ништо здраво за готово и го вреднувате секој залак како да ви е подарок

Ваквиот поглед на нештата ги трансформира и активностите. Зошто е тоа важно?

Прво, се здобивате со подобри искуства, не сте ограничени со предрасуди, фантазии или очекувања, па следствено на тоа не можете ни да бидете фрустрирани заради одредено искуство. Потоа, графите подобри врски со другите, не ги идеализирате, а потоа да се разочарувате, туку постојано ги запознавате како нови лица во вашиот живот. Помалку ќе одложувате ативности, бидејќи нема да ве спречуваат фрустрациите од долго повторуваните обврски, туку на секоја од нив ќе гледате како на нешто ново – искуството ќе биде поразлично бидејќи овој пат ќе ги гледате работите со поинакви очи. На крајот, од ова ќе добиете помалку анксиозност. Наместо да се грижите што ќе се случи следно, вие ќе бидете љубопотни и ќе уживате во сегашноста.

Како да вежбате за ова да го остварите? Со медитација. Посветете си време на себеси на тивко место. Обрнете внимание на вашето тело, вашето дишење.Мислете на сегашниот момент, ослободете се од идеите и фантазиите кои ви го оптеретуваат мозокот. Можете да вежбате на овој начин постојано, каде и да сте.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот