X
 02.12.2017 Живот

Овие работи физички го „надградуваат“ вашиот мозок!

Ако некогаш сте посакале да станете „супер-битие“ – да бидете поздрави, попаметни, попозитивни, „Брајт сајд“ нуди неколку совети кои би можеле да ви помогнат буквално да го надградите вашиот мозок:

Тргнете се

Кога еднаш ќе потонете во рутина, вашиот мозок станува мрзлив. Наместо да седите дома и да се жалите колку е тежок животот, излезете надвор, прошетајте, искористете го секој убав ден не само за уживање, туку и за рамислување. Во еден експеримент, луѓето кои секојдневно одвојувале 20 минути од своето време за позитивно размислување, покажале повисока концентрација и намалени симптоми на заболувања.

Бидете благодарни за она што го имате


Најдете најмалку три работи до крајот на денот за кои чувствувате благодарност. Со таа вежба можете да го подигнете нивото на серотонин во вашиот мозок. Серотонинот го има низ целото тело, а најмногу во централниот нервен систем, каде игра улога во регулирањето на сонот. Учествува и во регулацијата на чувствата на ситост и глад. Има важна улога и во предизвикувањето на чувството на задоволство.

Вербално изразете ги вашите чувства

Студијата од 2010 година на Универзитетот во Мичиген  покажа дека блискиот однос со пријателите, па дури и само да сте во иста просторија со нив, е од голема корист за вашиот мозок. Во поголема мера, мозокот ќе помине низ позитивни промени ако сте опкружени со интелигентни и емоционално стабилни личности.

Дали сте знаеле дека луѓето се „заразни“? Можете да се „инфицирате“ од нив со емоции и ставови. Оваа појава е позната како општествена и емоционална зараза.

Гушнете некого

Прегратките се волшебни. Топлината на прегратките предизвикува ослободување на допамин во вашиот мозок – хормон на задоволство. Затоа веднаш ќе се почувствувате сигурно и опуштено. Научниците забележуваат дека прегрнувањето го намалува крвниот притисок, го намалува стресот и го подобрува расположението.

Фокусирајте се на една работа

Наместо да правите повеќе работи истовремено, насочете го вашето внимание кон една работа. Кога разговарате на телефон, сурфате на интернет и истовремено пишувате порака, најверојатно се чувствувате како робот.

Фокусирајте се на една задача во определен временски рок. Кога ќе ја завршите, наградете се со кратка пауза – да прошетате или ја испиете шолја кафе или чај.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот