X
 26.06.2017 Култура

„Ќе работиме 4 дена по 4 часа неделно... ако нема војна“


Џек Ма

„За помалку од три децении, луѓето ќе работат само четири часа дневно, можеби и само во четири дена во неделата. Мојот дедо работел по 16 часа на ден по полињата (и сметал дека е многу зафатен). Сега работиме по осум часа дневно, пет дена во неделата, и сметаме дека сме презафатени“, вели Џек Ма, основачот на „Алибаба“.

Неговите предвидувања се совпаѓаат со оние кои ги изнесе и познатиот економист Џон Мајнард Кејнес, кој смета дека до 2030 година, работната недела ќе трае околу 15 работни часови, затоа што роботите полека ќе почнат да ги менуваат работниците.

„Првата технолошка револуција ја предизвика Првата светска војна, втората беше причина за Втората, а ова денес е третата револуција“, вели Ма, и истакнува дека често патува за да ги предупреди светските лидри брзо да дејствуваат затоа што верува дека кровот треба да се поправи додека сè уште е во функција.

Ма исто така предвидува дека луѓето ќе можат да патуваат до повеќе дестинации за разлика од денес.

„Во просек, сега луѓето посетуваат околу 30 места. За триесет години, бројката најверојатно ќе порасне на 300.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура