X
 11.03.2021 Образование

Финци добија награда за најдобро претставување на докторска теза преку танц

Списанието „Сајенс“ на Американското здружение за напредување во науката од 2008 година наваму организира годишен натпревар во кој ги предизвикува младите научници да ги претстават своите докторски трудови преку танцување. Победници на овогодишното издание на натпреварот се студенти по атмосферска наука на Универзитетот на Хелсинки.

Во својата изведба, докторандите низ кореографија објасниле како група атоми се спојуваат за да создадат прозрачни форми на небото. Студентите ја подготвувале кореографијата два месеца, а во видеоизведбата користат дронови и специјални ефекти. Тие ја освоиле главната награда, но и награда за најдобра презентација во категоријата: физика.

Оваа година на натпреварот имало 39 презентации, а главната награда изнесувала 2.000 долари. Победниците во категориите: хемија, биологија и општествени науки добиле по 750 долари.

Годинава била воведена и нова категорија - Ковид-19 - за која наградата изнесувала 500 долари. Победник во таа категорија е студентката Хедер Месон-Форсит од Државниот универзитет во Орегон. Во својот труд таа барала нови лекови што би можеле да го блокираат размножувањето на вирусот САРС-КоВ-2.

Победници на натпреварот и во категоријата: физика


Победник во категоријата: хемија


Победник во категоријата: општествени науки


Победник во категоријата: биологија


Победник во категоријата: Ковид-19


Автор: Софија Мутино
Извор: sciencemag.org
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование