Еден од начините на кои го доживуваме светот околу нас е преку кожата. Од чувствување температура, до притисок или болка. Истовремено, кожата може да каже многу работи за нашето тело.
Веи Гао, научник и професор на Технолошкиот институт во Калифорнија, сакал да дознае уште повеќе за човечкото тело преку кожата, па затоа направил „електронска кожа“, која се лепи на човечката. Имплантот е направен од мека флексибилна гума која има сензори ги следат процесите во телото, како пулсот, телесната температура, нивото на шеќер во крвта и слично.
Фото: Технолошки институт во Калифорнија
Еден од главните предизвици во врска со ваквите импланти е полнењето. Многу модели користат батерии, но оној на Гао ја користи потта. Гао
објаснува дека човековата пот содржи високо ниво на хемиски состојки кои во комбинација со кислород испаруваат. Во текот на процесот се ослободува енергија со која може да се полнат уреди.
Гао планира да развие повеќе различни сензори кои ќе бидат во внатрешноста на електричната кожа, а би се користеле за разни цели.
- Сакаме овој систем да биде платформа. Освен преносен биосензор, ова може да биде и човечко-машински интерфејс. Виталните знаци и молекуларните информации што би се собирале со платформата може да се користат за дизајнирање и оптимизација за протетиката од идната генерација - вели Гао.
Извор:
eurekalert.org