X
 27.12.2018 Здравје

Искористете ја сезоната: Сите здравствени придобивки на костенот

Сладок е, популарен, а и не дебелее. Станува збор за костенот, висококвалитетно овошје. Искористете ги неговите витамини и минерали.

Костенот е овошје кое содржи ниско ниво на масти, односно еден грам масти и помалку од 70 калории на еден грам. Покрај тоа, ова е единствен зрнест плод кој содржи витамин Ц, па така само 85 грама костени содржат 45% од дневната потреба.

Друга интересна карактеристика е тоа што костенот е богат со фолна киселина, што е инаку типично за зелениот зеленчук, а не за зрнестите плодови. Приближно 100 грама костени нудат 62 µg фолати (или 15,5%). Така што, освен витамин Ц, на телото му обезбедува и витамини Б1, Б2, Б6 и фолна киселина. Фолната киселина е неопходна за формирање на црвените крвни клетки и ДНК-синтеза. Консумацијата на храната богата со фолна киселина спречува абнормалности во фетусот.

Овој есенски плод е познат и како одличен извор на растителни влакна кои помагаат за намалување на нивото на холестерол. За да има најголема корист од костенот, во текот на сезоната треба да се јадат околу 85 грама на ден.

Јадејќи го костенот, внесувате магнезиум, бакар, манган, железо, калциум, фосфор, цинк и солидна количина на калиум (518 mg/100 g). Калиумот е доста важен елемент за балансирање на нивото на натриум, отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Магнезиумот и фосфорот се важни за коските.

Фото: Unsplash

Без глутен

Исто како лешниците и бадемите, ниту костенот не содржи глутен. Од истата причина е популарна состојка во исхраната кај оние што избегнуваат глутен.

Во неговиот состав може да се најде висок процент на скроб, поради што е сличен на компирот и на пченката. Брашното од костен е лесно сварливо. Исто така, лесен е за стомакот ако костенот е варен, печен или направен во квалитетно костен-пире.

Народна медицина

Костенот им помага на луѓето што имаат проблем со бубрезите и со дигестивните проблеми, а чајот од костен ги ублажува симптомите на астма и бронхитис.

Потребно е да се прави разлика меѓу питом и див костен. Дивиот костен не е за јадење, меѓутоа, е лековит и се користи во кремови. Најпознат е за лекување проширени вени и оштетени капилари, а неговите екстракти се користат за подготовка на медицински производи.

Фото: Unsplash


Печен или варен костен


Печениот костен содржи повеќе витамини, а варениот има поголема количина минерални состојки.

На костените им се припишуваат лековити својства и висока енергетска вредност, а особено се препорачуваат за спортистите и децата.

Плодот на костенот има црвеникаво-кафеава боја и мазна површина. Расте во бодликава подлога која пука во текот на есенскиот период кога овошјето созрева.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје