Од истражувањата „Калтех“ спроведено во 2018 година произлегле две илузии што предизвикуваат одложени аудио-визуелни ефекти. Едната од нив е „Илузија на зајакот и неговата невидлива сестра зајак“ која на интересен начин укажува на врската помеѓу она што го гледаме и она што го слушаме.
Некои визуелни концепти се однесуваат како хакери кон нашиот мозок, правејќи да гледаме форми и слики што всушност не постојат. „Илузија на зајакот“ е трик со кој го мамиме мозокот, за сам да го измисли она што веќе го видел.
Што всушност се случува на видеото?
Првиот дел од илузијата се вика „Илузија на зајакот“ и тогаш пред нашите очи се појавува краток блиц, проследен со звук. 58 милисекунди повторно се слуша звукот, но овој пат го нема блицот, а по 58 секунди на екранот повторно се емитува блесок светлина, проследен со иств звук, како и првиот пат. Во вториот дел од илузијата шт осе вика „Невидлив зајак“, се случува обратно. Повторно на почетокот се појавуваат блицот и звукот, а потоа обратно во однос на првиот дел од илузијата, сега се јавува само блицот, а го нема звукот. Третиот пат, како и првиот, повторно се појавуваат заедно и звукот и блицот.
Човечкиот мозок скоро секој пат го поврзува она што го гледаме со она што го слушаме. Тогаш илузиите се манифестираат така што луѓето наведуваат дека во текот на првиот дел виделе три блица, а во текот на другиот дел два, а всушност се случило обратно. Мозокот во овој случај регистрира блиц само ако слушне звук, дури и ако блесокот не се случи, звукот ќе наговести дека перцепираме непостоечки блиц.
Концептот на вакви илузии не е нов, а научниците наведуваат дека е почеток на манимулација на мозокот која ја убива слободната волја. Што всушност претставува оваа илузија?
Мозокот е прилично добар во предвидување на она што ќе се случи. Во случај на илузиите, мозокот предвидува нешто што веќе се случило, врз основа на трагите без контекст, дури и ако сето тоа се случува пред нас. Блицот и звукот се случуваат толку брзо што мозокот не е во состојба да ги процесира, па поради тоа се залажува себеси дека видел нешто што не видел. Оваа илузија нè наведува да размислуваме за тоа колку всушност можеме да им веруваме на сопствените очи.