X
 24.04.2021 Забава

Овие луксузни куполи се совршени за авантура, романтика и за набљудување на ѕвездите

Замислете глампинг-шатор. Затворете го, ставете му таван и прозорци, внатрешен телескоп, столови-нишалки и кадифени крпи и постелнини. Направете го во форма на купола, со контролирана клима, и поставете го на неколку минути од вашиот омилен национален парк.

Дали и понатаму е глампинг-шатор или хотелска соба со пет ѕвезди? Или, пак, раскошна кабина?

Луксузните куполи на одморалиштето „Клир скај“ лоцирани непосредно пред националните паркови Глечер и Големиот Кањон ја поместуваат линијата на традиционално сместување, обединувајќи ги љубителите на природата и оние што бараат раскош.

1

- Глампингот денес значи луксузно и уникатно место за престој со директен пристап до природата. Значи, дефинитивно ја исполнуваме дефиницијата за гламурозно патување. Едноставно ја прошируваме идејата и ја редефинираме - ова е првиот и единствен концепт за одморалиште од ваков вид во земјата - вели Хал Фајнберг, еден од сопствениците на одморалиштето.

Куполата нуди уникатно искуство - можете да се искачите на спиралното скалило за да ги набљудувате ѕвездите од вашиот кревет. Плус, секоја купола има огромна приватна тераса, модерни бањи со тушеви и прекрасна глетка кон дрвјата.

2

Има 45 куполи во кои можат да се сместат групи од по седум луѓе, а новоотворените одморалишта во близина на Големиот Кањон се трипати поголеми.

Се нудат доста интересни активности: фризби, голф, прошетка низ уметнички скулптури, проекција на филмови, игри во дворот, астрономска и филмска вечер, музика во живо и раскажување приказни и многу други активности.

Извор: Travelandleasure.com
Фото: Clearskyresorts.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава