Универзитетот на Единбург нуди онлајн-курс за вовед во филозофија со кој студентите се запознаваат со главните теми во современата филозофија.
Во секој дел од курсот различен филозоф објаснува за некои од најважните прашања и проблеми во гранката во која е експерт. Онлајн-курсот се нуди на платформата „Курсера“, а вклучува и преглед на повеќе различни делови од оваа наука, како филозофија на умот, политичка филозофија, морална филозофија и метафизика.
Курсот е бесплатен за слушање, а се плаќа за добивање сертификат. Може да го најдете
овде.
Извор:
openculture.com
Фото: Pixabay