X
 24.08.2017 Живот

Бесплатен онлајн-курс: Како да победите на „Texas Hold' Em“?

покер

Во 2015 година Институтот за технологија во Масачусетс овозможи курс наречен „Poker Theory and Analytics“ кој ги запозна студентите со покер-стратегијата, психологијата и донесувањето одлуки во единаесет лекции.

Сега доаѓа нов курс што е фокусиран на „Texas Hold' Em“, чиј предавач е дипломираниот студент Вил Ма. Курсот ги покрива концептите на покерот, математичките концепти и генералните концепти потребни за да се игра играта на професионално ниво. Во продолжение е кус преглед на темите што ги опфаќа курсот:



- Покер-концепти: префлонови опсези, 3-обложувања, продолжено обложување, подигнување на чекирањето, големина на облогот, имплицирани шанси, поларизација и друго.

- Математички концепти: веројатност и очекување, отстапување, и Закон за големи броеви.

- Општи концепти: одлуки наспроти резултати, експлоатациона игра наспроти балансирана игра, управување со ризик.

Лекциите и целата програма можете дa ги пронајдете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот