X
 03.07.2026 Образование

Прво учество на студенти од УКЛО на БИП програма во Италија: Успешно претставување на Универзитетот во Мачерата

За првпат, студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола (УКЛО), вклучително и од Факултетот за безбедност - Скопје, зедоа учество на престижна БИП (Blended Intensive Programme) програма во Република Италија. Домаќин на овој значаен настан, кој се одржува во периодот од 29 јуни до 3 јули 2026 година, е Универзитетот во Мачерата, еден од најстарите европски универзитети основан во далечната 1290 година.

5

Програмата, насловена „Cultural Heritage and Tourism in Climate Change Adaptation Processes Towards More Sustainable Societies“, се реализира во рамките на мрежата Униадрион (UniAdrion) и Еразмус+ истражувачкиот простор. Тимот на УКЛО го претставува професорот Александар Иванов, заедно со трите студентки: Михаела Менчова, Ивана Ристовска и Николина Дојкоска. Настанот обедини студенти и академски кадар од двете страни на Јадранот, а македонската делегација работи во извонредна атмосфера заедно со колеги од Универзитетот во Сплит, Универзитетот во Мостар („Џемал Бједиќ“), Универзитетот во Јоанина и Јонскиот универзитет.

2

За време на програмата се отвораат важни прашања и се развиваат инспиративни дискусии. Посебен белег на настанот беше предавањето на проф. д-р Александар Иванов, одржано на 29 јуни во рамките на втората сесија посветена на пејзаж и животна средина. Неговото излагање на тема „The Evolution of Environmental Security: From Ecological Foundations to Digital Resilience“ директно се надоврза на неговите долгогодишни истражувања во областа на еколошката безбедност. Предавањето ги поврза еколошките основи со дигиталната отпорност, што резултираше со плодна размена на идеи и искуства меѓу присутните меѓународни експерти и студенти.

33

Универзитетот и Факултетот изразуваат огромна благодарност до мрежата Униадрион и Универзитетот во Мачерата за беспрекорната организација, одличната иницијатива и топлото гостопримство. Оваа програма е силен поттик за продолжување со одлична енергија кон стекнување нови знаења и понатамошно продлабочување на меѓународната соработка.

4


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование