X
 24.05.2021 Живот

Навики што ги правите секој ден, а предизвикуваат предвремено стареење

Ако некогаш сте го гледале филмот „Ефектот на пеперутката“, можеби ќе се запрашате како и колку активностите што сте ги презеле и моментите што поминале  влијаат врз вашиот живот. Потребно е длабоко размислување за да се процени влијанието што го имаат овие мали напори и рутини врз вас и врз светот околу вас.

Факт е дека, сепак, малите нешта имаат големо значење. Всушност, многу ваши мали навики може да доведат до предвремено стареење (и во телото и во умот), па дури и до оксидативен стрес, што е огромна закана за вашето здравје.

Во продолжение ви претставуваме неколку штетни секојдневни навики што можете да ги отстраните за да го намалите процесот на стареењето.

1. Презафатеност на мозокот

Една од најштетните работи што си ги правиме себеси е тоа што сме постојано зафатени. Во општество кое ги цени интензивните нивоа на продуктивност, важно е да издвоите моменти за тишина. Додека медитацијата и источната медицина полека почнуваат да влијаат врз западниот свет, следува враќање и кон поприродни методи.

За среќа, почнавме да ги разбираме придобивките од медитацијата и моментите на тишина. Практиките на совесност и внимателност покажуваат ветување за намалување на симптомите на менталното здравје, зајакнување на самодовербата и перформансите и целокупното намалување на стресот, меѓу другите неверојатни придобивки.

2. Премалку физичка активност

Пандемијата и работата од дома доведоа до ниво на неактивност. Без оглед на тоа каде работите, седењето пред екранот и недвижењето со часови секој ден се неверојатно штетни за вашето здравје, без оглед на вашата возраст. Затоа е важно да ги натерате и вашите деца и сите лица во близина да почнат да се занимаваат со физички активности.

Според истражување објавено од Националната медицинска библиотека на САД, вежбите имаат огромни корисни ефекти врз многу органи и системи на телото и ги одложуваат загубите поврзани со стареењето на когнитивната функција, остеопорозата, инсулинската резистенција, атеросклерозата, одредени карциноми специфични за локацијата, депресијата и имунитетот.

Без редовно вежбање, основното функционирање е речиси невозможно, а симптомите на стареење може да напредуваат побрзо од вообичаеното.

сон
Фото: Freepik

3. Недоволно сон

Недостигот на сон го инхибира вашиот имунолошки систем и може да доведе до низа проблеми, вклучувајќи срцева слабост, вознемиреност, непостојан крвен притисок и дигестивни проблеми. Дали спиете од 7 до 9 часа навечер? Без препорачаниот сон, кортизолот не се испушта постојано во текот на денот за да работи природниот часовник и деноноќниот ритам на вашето тело. Недостигот на сонот е поврзан со многубројни физиолошки и ментални состојби, вклучувајќи го и губењето на меморијата.

4. Неправилно спиење

Освен количината на сон која може драстично да го промени вашиот живот, тоа може да го направи и начинот на кој спиете. Можеби спиете најдлабоко, но раката ви е над главата и го губи чувството додека спиете.

Спиењето на стомак не е идеално бидејќи главата е насочена многу десно или многу лево. Така може да го истегнете вратот. Ако спиете на стомак, размислете за приспособување на перницата за да го минимизирате грубиот агол на вратот и главата. Размислете за физикална терапија за да го подобрите вашиот опсег на движење.

Лежењето на грб е најпрефериран метод на спиење затоа што рамномерно ја распределува вашата тежина и ги намалува точките на притисок во грбот, што со текот на времето може да доведе до помало оштетување на мускулите и истенчување на коските.

5. Изложување на кожата на топлина

Сите ги разбираме ризиците од долгата изложеност на кожата на силно сонце. Но, дали знаете дека премногу топлина навистина предизвикува побрзо стареење на вашата кожа?

Топлината работи на ист начин како слободните радикали, оштетувајќи ја кожата со брзина што е апсолутно алармантна. Намалете ја топлината на водата со која се бањате и држете го термостатот на контролирана температура за да помогнете во намалување на изложеноста на кожата на штетна топлина.

Извор: Theladders.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот