X
 13.06.2023 Здравје

Едноставна промена во исхраната го подмладува мозокот

Медитеранската исхрана богата со зеленчук, морска храна и цели зрна ги забавува знаците на стареење на мозокот, покажува ново истражување спроведено од израелски научници.

Во истражувањето научниците ги скенирале мозоците на група луѓе 18 месеци откако го смениле начинот на исхрана. Било покажано дека нивните мозоци биле помлади од очекуваното.

Познато е дека стресните настани може да го забрзаат биолошкото стареење на мозокот, но новото истражување покажува дека подобрувањето на исхраната може да биде едноставен и ефикасен начин за подобрување на целокупната состојба на телото, без оглед на возраста.


Фото: Pixabay

Научниците следеле лица кои имале три различни режими на исхрана: медитеранска исхрана со јатки, риба и пилешко; медитеранска исхрана со додатоци како зелен чај; исхрана заснована на основните правила за здраво хранење. Сите учесници изгубиле просечно 2,3 килограми во рамките на истражувањето, а за секој 1 отсто изгубена телесна тежина нивните мозоци изгледале речиси 9 месеци помлади од нивната хронолошка старост.

Научниците откриле дека знаците за забавено стареење на мозокот се поврзани со пониски нивоа на масти во црниот дроб и подобрени липидни профили, но долгорочните импликации на овие промени допрва треба да се истражат. Сепак, истражувањето ја покажува важноста на здравиот начин на живот за здравјето на мозокот.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје