X
 24.06.2019 Живот

„Спејс Екс“ ќе лансира пепел од 152 кремирани лица во орбитата

„Спејс Екс“ се подготвува за третото лансирање на ракетата „Фалкон хеви“. Мисијата е наречена „Спејс тест програм-2“ (СТП-2) и е предвидено со неа во орбитата да се исфрли пепелта од 152 починати лица.

Кремираните остатоци доаѓаат од компанијата „Селестис меморијал спејсфлајтс“, која купува слободен простор на вселенски бродови и го полни со капсули од останките од починатите, кои ги нарекува „учесници“. Компанијата е основана во 1994 година и има испратено кремирани остатоци на 15 различни ракети.

Со оваа мисија на „Спејс Екс“ компанијата ќе ги испрати кремираните остатоци во метална цевка, во која се залепени 152. капсули.

Капсулите се со тежина меѓу 1 и 7 грама и се со различни големини. Често на нив се изгравирани некои изреки.

Испраќањето пепел на летови во орбитата чини помалку од 5.000 долари, додека испраќање во длабоката вселена и на лунарни летови чини 12.500 долари.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот