X
 29.11.2022 Наука

Ерупцијата на Мауна Лоа гледана од вселената

Најголемиот активен вулкан во светот - Мауна Лоа еруптира во неделата, првпат од 1984 година. Ерупцијата на вулканот, кој се наоѓа во Хаваи, можела да се забележи од вселената.

Кооперативниот институт за метеоролошки сателитски истражувања на Националната океанска и атмосферска администрација на САД објави поглед од сателит кон вулканот. Објавата ја покажува термичката активност на вулканот за време на ерупцијата.



Од Националната океанска и атмосферска администрација објавиле и друг поглед од вселената кој го прикажува испуштањето на сулфур диоксид од врвот на вулканот.



На почетокот од октомври било забрането качувањето на врвот на Мауна Лоа поради забележана сеизмичка активност, што покажувало дека можеби се подготвува ерупција. Во моментов, лава продолжува да излегува од вулканот, но нема опасност за населението во околината.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука