Водачот на тимот од кинеската академија за технологија на полетување летала, Хан Пенгџин, тврди дека замисленото вселенско летало што тимот сака да го изгради, само би полетало во вселената и на враќање би слетало како спејс шатл.
Леталото би се напојувало со течен метан и течен кислород.
Хан и неговиот тим направиле две верзии за ракетопланот. Првата има маса од 10 тони и распон на крилата од шест метри, а екипажот од петмина би можела да го подигне на висина од 100 километри во земјината атмосфера, што воедно претставува и службена граница со вселената. Оваа верзија би се движела со максимална брзина од шест махови и би овозможила бестежинска состојба во траење од две минути.
Втората и многу поголема верзија би тежела 100 тони и би имала распон на крилата од 12 метри, со капацитет за 20 патници, што ќе се подигнат на висина од 130 километри при брзина од осум махови, овозможувајќи бестежинско искуство во траење од четири минути. Оваа поголема верзија би била доволно брза што би ѝ овозможило да понесе помали сателити во вселената со помош на дополнителен ракетен мотор, што би бил поставен на горниот дел од леталото.
Цената на овој ексклузивен лет би чинела меѓу 200.000 и 250.000 долари, што би била приближно колку цената што ја измислиле Virgin Galactic за туристите кои сакаат да одат на екскурзија во вселената и коишто немаат проблем да си го дозволат тоа.
Хан тврди дека во цената на билетот е вклучен дополнителен багаж и можност за неколку возења, поконкретно, секое од овие летала би можело да изведе 50 летови.
Двете верзии ќе имаат резервоар за гориво вграден во трупот, со таа разлика што во помалата верзија недостасува ракетен мотор, што би ѝ помогнал за достигнување на границите со
вселената.