Сончевата енергија е трет најголем извор на обновлива енергија во светот денес. Се очекува обновливите извори на енергија да доминираат на пазарот на производство на електрична енергија до средината на векот. Меѓутоа, остануваат уште технички предизвици и проблеми кои треба да се надминат за да се случи оваа транзиција.
Најголемото ограничување за изворите на сончева енергија е тоа што тие може да произведуваат електрична енергија само кога има доволно сончева светлина. За да го решат овој проблем, научниците со децении работата на метод при кој сателити во орбитата собираат електрична енергија во текот на целиот ден, без прекини.
За да ја развијат оваа технологија, научници од Технолошкиот институт во Калифорнија неодамна успешно го направиле првиот пренос на електрична енергија од орбитата до површината на Земјата. Тоа било направено со помош на уред кој користи микробранови предаватели контролирани од електронски чипови. Уредот има евтини силиконски структури кои ја собираат сончевата енергија и ја пренесуваат до посакуваната локација на површината.
Уредот тежи околу 50 килограми и зафаќа површина со дијаметар од околу 50 метри кога е отпакуван во орбитата. Ваквата технологија има потенцијал да произведува осум пати повеќе електрична енергија отколку соларните панели на површината на Земјата.
Кога проектот ќе биде завршен, универзитетот се надева дека ќе испрати повеќе вакви уреди кои ќе собираат енергија, ќе ја трансформираат во електрична енергија и ќе ја пренесуваат струјата насекаде низ светот.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија:
Caltech