X
 24.07.2018 Образование

Чудо од дете: на 11 години заврши колеџ и сака да стане астрофизичар!




Тој не може да гласа. Не е доволно возрасен ни за да полага за возачка дозвола. Но, Вилијам Малис веќе има диплома од колеџ.


Вилијам Малис
(Фото: CNN)


Во саботата Вилијам (11) ја доби својата диплома од колеџот „Ст. Петербург“ на Флорида.

„Сосема сум фасциниран од Вилијам и од трудот што го покажа“, изјави претседателот на колеџот за Си-ен-ен.

„Тој е исклучително брилијантен, многу отворен и комуникативен“, додаде директорот.

Вилијам беше најмладиот ученик што учествувал на саботната церемонија.

Тој се запишал на колеџот во 2016 година, откако го завршил средното училиште на 9-годишна возраст. Неговите родители велат дека тој отсекогаш бил на „брза лента“. На 2 години веќе работел едноставна математика, а на 4 научил алгебра.

„Секој има дар од Бога, јас сум надарен со знаење од наука и историја“, истакна Вилијам.

Што е следно?

Тој планира да го продолжи школувањето и следниот месец ќе почне да учи на Универзитетот во Јужна Флорида.

„Сакам да бидам астрофизичар.“

Неговата цел е да заврши докторат до 18-тата година, кога повеќето се запишуваат на колеџ.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование