Во една група на „Фејсбук“ се појавила објава која за кратко време собрала многу лајкови и коментари. Една мајка објавила дека бара работа за својот 14-годишен син, кој оваа година не се „прославил“ со оценките на училиште.
- Оваа учебна година мојот 14-годишник се збрка со училиштето општо + доза пубертетска импулсивност што доведе до фактот дека му ветив дека ќе му најдам работа додека е во Загреб, бидејќи нема да остане без работа дома, а јас да му ги финансирам секојдневните кафиња и желби како „награда“ за лошите оценки - напишала мајката.
Таа напишала и дека нејзиниот син е спортист, жилав е и „може да влече“ и дека е на располагање отсега до 15 јули, па од 25 јули до почетокот на учебната година. Таа посочила и некои работни места кои може да се земат предвид, во зависност од неговите можности и афинитети. Споменати се шетање кучиња, миење автомобили, носење работи, помошник-работник, работи поврзани со спорт и занимација на помали деца итн.
- Однапред ви благодарам за какви било идеи, помогнете ѝ на мајката која сега сака малку да му се инаети на синот - заклучила таа.
Извор:
Srednja
Насловна фотографија: Pixabay