X
 24.07.2024 Технологија

„Хуавеј“ официјално потврди дека развива телефон со тројно преклопување

Во последно време се зборуваше дека „Хуавеј“ работи на тројно преклопен телефон кој се очекува да биде лансиран за два месеца. Но, сега самата компанија го промовира лансирањето на овој уред.

Според извор близок до компанијата, кинескиот електронски гигант навистина започнал со истражување и развој на проект за екран на паметни телефони со тројно преклопување. Се вели дека ја имаат вградено најновата технологија за вештачка интелигенција и моментално развојот се одвива без проблеми.

На прашањето за идниот развој, Ричард Ју, извршен директор на компанијата, не го негирал развојот на уредот за тројно преклопување. Тој истакнал дека не е лесно да се открие специфичниот напредок на таков уред.

Според шпекулациите, овој уред ќе има уникатен дизајн со преклопување однатре и однадвор, а ќе биде опремен со систем со двојни шарки. Како трикратен уред, се очекува да има значително поголем екран. Поточно, се очекува да биде со големина од околу 10 инчи. За споредба, „хуавеј мате X5“ има екран од 7,85 инчи. Исто така, се шпекулира дека компанијата би можела да го лансира овој уред во септември оваа година, истиот месец кога компанијата го лансира „мате X5“ минатата година. Според „Хуавеј“, прототипот е во основа формиран.

Се шпекулира дека уредот со тројно преклопување ќе се напојува со чип од серијата „Кирин 9“ и ќе донесе неколку индустриски новитети.

Извор: benchmark.rs

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија