X
 30.08.2019 Живот

Внимавајте што испраќате и добивате на „Фејсбук“ и „Вацап“ - содржината може да биде пречка за влез во САД

Фотографиите испратени преку „Вацап“ што автоматски се зачувани во телефонот, објавите на вашите пријатели на социјалните мрежи и слично може да бидат причина да не ве пуштат во САД.

Апликациите како „Вацап“ што автоматски ги зачувуваат мултимедијалните содржини што сте ги примиле преку обичните и групните пораки на паметните телефони може да ви донесат секакви фотографии и видеозаписи на вашите телефони. Верувале или не, таквите фотографии за кои луѓето често не се свесни дека ги имаат во нивните телефони се доволни за канцеларијата за имиграција на САД да ви забрани влез во земјата.

Последен таков случај е забележан во Бостон кога на 17-годишно момче од Либан, кое отишло во САД да студира на „Харвард“, му била одбиена визата поради содржина пронајдена на неговиот телефон. Освен што е доволно вознемирувачки некој да ви го пребарува компјутерот и телефонот каде што имате приватни содржини, момчето доживеало уште поголем шок кога му бил забранет влез во САД поради содржината што неговите пријатели ја испраќале во групните пораки, што подоцна автоматски се зачувала во телефонот на момчето.

Откако неговиот телефон и компјутер биле пребарувани 5 часа, тој изјави дека жената од канцеларијата за имиграција почнала да му вика поради објавите на неговите пријатели за политичките ставови што се во спротивност на американската политика.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот